Над 150 илјади пликоа досега за наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“

фото: МИА

Над 150.000 пликоа за наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“

Започна одбројувањето за првото извлекување од наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“, останаа уште осум дена затоа апелирам до сите граѓани од 7 до 77 години да ги испратат сите фискални сметки бидејќи имаат полноправна можност да учествуваат во ова наградна игра, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески.

Тој додаде дека заинтересираноста е огромна и дека од почетокот на наградната игра стигнале над 150.000 пликоа, од кои само во последните неколку дена се испратени 40-50.000 пликоа.

Во текот на наградната игра ќе бидат доделени три типа на автомобили, четири „Пежо 208“, три автомобили „Волфсваген Поло“ и три „Сеат Ибица“, а на првото извлекување кое ќе се одржи на 30-ти декември ќе биде доделено „Пежо 208“.

Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните да ги доставуваат пликоата во пунктот на Државната на Лотаријата наскоро ќе бидат поставени вакви објекти и во другите градови во земјава.