Сообраќајот на речиси сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Забрана за тешки товарни возила е воведена на регионалните патишта Кратово – Пробиштип и Радовиш – Конче.
Работа на пат се изведува на повеќе патишта: на патот Кичево – Охрид во близина на Ботун; на регионалниот пат А2 на излез од Кичево, на патниот правец А-1 Гевгелија – Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“, на патот правец Дренoво – Плетвар, во близина на каменоломот, на патниот правец А1, делница Неготино – Демир Капија, на патниот правец Фурка – Дојран и на патот Велес – Кадрифаково“ од депонијата Велес до с.Лозово.