
Преговараме со сите партии за составување влада, освен со ДУИ, изјави кусо во понеделникот вечерта за ТВ21, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Во тек е протестниот марш од страна на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативам во знак на револт за случувањата на денот на изборите на 15-ти јули и пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори, Таравари истакна дека пораката на маршот е „да не се повторат претходните грабежи и криминали кои се случуваат во последните 18 години“.
Коалицијата на Алијанса и Алтернатива освои 12 пратенички мандати на изборите на 15 јули, три помалку од ДУИ.
Коалицијата на двете партии тврди поседува докази оти на предвремените парламентарни избори било гласано за луѓе кои во моментот не биле во Македонија, како и на починати лица.
Алијансата за Албанците исто така приговара дека на денот на изборите се случил изборен фалсификат во периодот од 19 од 21 часот, кога биле полнети избирачките кутии, а владејчката ДУИ освоила гласови дури и на изборни места на кои вообичаено албанските партии или воопшто не добиваат гласови или поддршката е речиси занемарлива.
На прашањето од новинарот на ТВ21, пак, дали е можно коалицирање со коалиција со СДСМ и движењето БЕСА, актуелниот гостиварски градоначалник Таравари посочи дека „сѐ е можно“.
Маршот започна во 19 часот од паркот скопската населба Чаир, потоа поворката минува пред зградата на влада, а планирано е да заврши пред канцелариите на делегацијата на Европската унија.