![koronavirus iran](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/koronavirus-iran-1.jpg?resize=650%2C365&ssl=1)
Бројот на починати од коронавирус во Иран е скоро три пати поголем од официјалните бројки, според истрагата на БиБиСи, чии заклучоци се објавени денеска.
Коронавирусот, пишува Би-Би-Си, е потврден кај 451.024 луѓе, а не 278.827.Без оглед дали се преземени официјалните или неофицијалните бројки, Иран е најтешко погодената земја од коронавирус на Блискиот исток.
Во последните неколку недели Иран се соочи со јасен пораст на бројот на заразени лица.Првиот смртен случај во Иран е регистриран на 22 јануари, според медицинските досиеја добиени од ББС.
Поминал скоро еден месец пред официјално да се објави дека коронавирусот се појавил во земјата.
Иранската телевизија денеска објави, според Ројтерс, дека на секои седум минути едно лице во Иран умира од ковид-19.Портпаролката на Министерството за здравство Сима Садат Лари исто така објави нови бројки.
Таа рече дека 17405 луѓе починале од коронавирус во Иран досега, а 312.035 се заразени.Официјалните бројки објавени денеска за последните 24 часа велат дека 215 луѓе починале.
Државната телевизија прикажа Иранци во крајно преполна улица кои шетаат без маска и без социјално растојание.