Белорусија е принудена да ја затвори државната граница со Литванија и Полска, како и да ја засили контролата на границата со Украина, изјави во четвртокот белорускиот претседател Александр Лукашенко.
Белорускиот челник, против кого во Минск и другите градови од 9-ти август се одржуваат масовни протести поради неговиот повторен избор на претседателската позиција кој не го признава Западот а споменатите земји ја поддржуваат опозицијата и бараат санкции, ги повика народите на трите држави да ги запрат своите политичари и да спречат започнување „жешка војна“.
„Принудени сме да ги повлечеме војниците од улиците, како што веќе порано реков, за да ставиме половина од армијата под оружје и да ја затвориме границата од Запад, во прв ред со Литванија и Полска: Принудени сме да ја зајакнеме контролата и на границата, на наше огромно жалење, со нашата братска Украина. Последните денови бев присилен со претседателот на Русија и со министерот за одбрана да ја обновиме заедничката одбрана на Сојузната држава“, рекол Лукашенко, пренесува агенцијата Белта.
Додал дека се интензирвирале традиционалните „долго планирани воени вежби“ кои започнаа на западот од Белорусија под називот „Славјанско братство 2020“, на кои годинава под притисок на Европската унија нема да учествува Србија, како и дека маневрите поради „актуелната состојба“ ќе се одржат во две фази.
Лукашенко, исто така, рекол дека не сака во неговата земја да се води војна.
„Покрај тоа, не сакам Белорусија да стане како Полска и Литванија и да се претвори во сцена на воени дејствија со кои нема да се решаваат нашите прашања. Затоа денеска пред оваа сала, пред овој прекрасен патриотски народ, сакам да апелирам до народите на Литванија, Полска и Украина: запрете ги своите безумни политичари, не дозволувајте да се разгори војна“, рекол Лукашенко.
Во обраќањето на форум на жените, да кажат насекаде што навистина се случува. Денес прашањето за Белорусија, Русија и, можеби цела Европа а не само Источна (Европа), се решава тука. Невозможно е да се разгори војна“, рекол Лукашенко.
Портпаролот на полската влада Пјотр Милер за агенцијата Reuters изјавил дека Полска нема никакви информации за тоа дека границата е затворена. Полското министерство за надворешни работи потврдило за службената новинска агенција PAP дека границата функционира вообичаено, според информациите од граничната полиција.
Шефот на литванската граничка служба Рустамас Лјубајевас, исто така, рекол дека состојбата на границата меѓу двете земји е вообичаена. Додал дека белорусикиѕе граничари не добиле никакви наредби, ниту упатства. „Се обидуваме да добиеме повеќе информации“, додал.