Во БиХ повторно рекорден број заразаени со коронавирусот, потврден 1.251 случај

Во Босна и Херцеговина во саботата е достигнат нов рекорден дневен број на заразени лица со новиот коронавирус, откако изминатите 24 часа е потврден 1.251 случај.

Од петокот биле спроведени малку помалку од 2.700 тестирања, а заразата е потврдена каји 669 лица во Федерацијата БиХ и кај 582 луѓе во Републка Српска.

Сараево и натаму е најголемото жариште со земјата со 233 нови случаи на заразата, додека второ е Бања Лука која последното деноноќие бележи 82 короанинфекции.

Пријавени се и десет смрни случаи на лица кои биле заразени со вирусот SARS-CoV-2.

Од Клиничкиот ценат на Универзитетот во Сараево предупредија дека капацитетите на Клиниката за белодробни болести наменета исклучиво за пациентите со тешки форми на Covid-19 речиси целосно се исполнети, како и дека побарале од локалнит власти итно да обезбедата нов објект за сместување на болните.

Од избувнување на епидемијата во март, во БиХ се заразени околу 40.000 лица, околу 27.000 досека оздравеле, додека бројот починати е 1.075 луѓе.