Ако изгуби Трамп, ќе се кандидира на претседателските избори 2024 година

Иако сè уште не e официјално познато кој ќе победи на претседателските избори во САД, веќе почна трката за претседател во 2024 година.

Поранешниот соработник на Доналд Трамп, Мик Малвени, кој во моментов е специјален пратеник во Северна Ирска, изјави дека очекува доколку сега загуби од Џо Бајден, Трамп да учествува на изборите во 2024 година, пренесува „Гардијан“.

Дефинитивно би очекувал претседателот да остане вклучен во политиката и апсолутно ќе го ставам на краткиот список на луѓе кои веројатно ќе се кандидираат во 2024 година – вели Малвени.

Два дена по изборите во САД, победникот сè уште не е официјално објавен, затоа што во шест држави не може со сигурност да се потврди кој освоил повеќе гласови.

Според последните објавени бројки, на Бајден му недостасуваат уште шест изборни гласови за Белата куќа, но Трамп има шанса да го смени резултатот.