Возрасен маж од струмичко е тешкко повреден во петокот претпладнето, откако управувајќи запрежно возило учестувал во сообраќајна несреќа со автомобил управуан од малолетни.
Инциденетот се случил вчера, околу 9.30 часот на регионалниот пат Струмица – Баница – Вељуса во кој учествувале патничко возило „датсун нисан“ со штипски регистарски ознаки управувано од малолетник од селото Баница, и запрежно возило управувано од 62-годишниот Б.К. од селото Василево.
Во незгодата Б.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица, информираше во саботата Министерството за внатрешни работи.