Унгарија започнува со вакцинација против Covid-19 и презема економски мерки

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во петокот дека во сабота ќе ги соопшти новите мерки за борба против поткопувањето на националната економија под влијание на пандемијата на новиот коронавирус, додавајќи дека мерките ќе стапат на сила на 1-ви јануари.

И унгарското стопанство, кое беше едно од најдобрите според нивото на годишен раст во рамките на Европската унија, со економски пад проектиран на 6 отсто со 2020, и со поскромно закрепнување во 2021 година.

„Утре ќе ги објавам следните чекори во нашиот стопански акциски план коишто ќе ги воведеме на 1-ви јануари. Овие мерки би требало да помогнат да се избегне економска криа“, изјави Орбан за јавното радио MR1.

Унгарскиот премиер најави и почеток на масовно вакцинирање против коронавирусот, на 27-ми или 28-ми декември, и додаде дека очекува оти земјата ќе започен да закрепмува од пандемијата во април/

Првата пратка од вакцината, рече Орбан, ќе биде доволна за вакцинирање на околу 35.000 лица, главно од најризичните категории и занимања.