Јакимовски: Справувањето со корона-кризата е врв на неспособноста на Владата на Заев

Ковид-кризата и набавката на вакцините, дали кинески, дали руски или не знам какви вакцини, е исто како да имате милион глувци во куќата, а вие размислувате кава мачка да набавите: жолта, црна или бела. Значи буквално оваа Влада не знае кај тера и справувањето со корона кризата е врв на неспособноста на Владата на Заев, истакна Стевче Јакимовски претседателот на ГРОМ во вечерашната “24 Анализа” на Телевизија 24.

Ние имаме нефункционален политички систем, вели Јакимовски нефункционален правен и судски систем, нефункционална пазарна економија и
здравствен систем.

„Па, добро бре луѓе ќе кажеме ли два збора за неодговорноста на министерот Филипче. Што уште овој човек треба да направи, односно не треба да направи за да сноси одговорност. Без тронка срам. И јас сум бил министер во три Влади, но да ми се случило мене ова, вака да каскам зад проблемите и ваков гаф со вакцините, најмалку што можам да направам е да си поднесам оставка и повеќе никогаш да не се појавам во јавност. Ова се страшни пропусти на Филипче за кои мора да се сноси одговорност“, дециден е Јакимовски.