Пациент се фрлил од прозорец во ковид-центарот во ГОБ „8-ми септември”

Пациент роден 1950 година хоспитализиран во ковид-центарот во скопската Градска општа болница „8-ми Септември“ се фрлил од прозорец.

Пациентот бил хоспитализиран неколку дена и имал психички проблеми.

„На 10 февруари, 2012 година, пациент хоспитализиран на интензивна нега во ГОБ „8 септември“, роден 1950 година, во тешка состојба и под психијатриска опсервација, и покрај сите превземени мерки, во утринските часови скокнал од прозорец од прв спрат. И покрај превземените реанимациони постапки, од страна на дежурна екипа во 7 и 30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни инситуции. МЗ, МВР, Јавен обвинител, ДСЗИ, истакна директорот на болницата, Кристијан Костов.