![gvineja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/gvineja.png?resize=696%2C586&ssl=1)
По ембаргото на Македонија кон Гвинеја, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски упати неколку прашања до државниот врв.
Молам детално објаснување од властите, потребно за да се разбере важноста на овој чекор:
-Колкава е трговската размена на Македонија со Гвинеја?
-Колкава е финансиската размена на Македонија со Гвинеја?
-Колкаво учество во финансиските трансакции има трговијата со оружје и муниција меѓу Македонија и Гвинеја?
-Колкаво е учеството на патници од Гвинеја, со посебен осврт на патници со патни документи издадени од Гвинеја, во македонскиот вкупен број на влезови на странски државјани при воздушен, копнен и воден сообраќај, преку чартер или транзитен сообраќај?
-Знае ли Заев кој е премиер на Гвинеја?
-Знае ли Стево кој е Пендаровски во Гвинеја?
-Има ли започнат процес на вакцинација во Гвинеја и дали е тоа причината што нема вакцини во Македонија?
Ви благодарам.
Македонија ѝ воведе санкции и на Гвинеја само 10 дена откако ѝ го стори истото на Никарагва. Повторно придружувајќи ѝ се на Европската унија.
Рестриктивните мерки објавени во „Службен весник“ опфаќаат ембарго на оружје, финансиски мерки и забрана за влез во Македонија.
Гвинеја е држава со 12,8 милиони жители во западна Африка и излегува на Атлантскиот Океан.
Денес во Службен весник в
Бр.33 излезе Одлука на владата на Сдсм и Дуи за воведување рестриктивни мерки – САНКЦИИ КОН ГВИНЕЈА.Ембарго на оружје, финансиски мерки, забрана за влез во Северна…
Лудилото продолжува, овие со пола свет сакаат да не скараат! pic.twitter.com/GvNMadpAC7
— Курвин Водењак (@Jovanowsky) February 12, 2021