На стариот пат Охрид – Струга, вчера околу 21 часот, во близина на мостот на река Сатеска, биле пронајдени 59 пакувања со вкупна тежина од околу 60 килограми опојна дрога марихуана.
Опојната дрога била ставена во пет торби, а била пронајдена од полициски службеници од СВР Охрид и Криминалистичката полиција – Сектор за недозволена трговија со оружје и опасни материи при Министерството за внатрешни работи.
Полициските службеници пронашле и едно пакување со кафеава прашкаста материја која заедно со останатите биле одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија презема мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.