Бугарската царина на 7-ми февруари заплени 401,468 килограми хероин, објави во вторникот главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев.
Хероинот бил откриен во црноморскиот простанишен град Варна во пратка со битумен што пристигнала од Дубаи, а според документацијатата земја на потеклото на пратката е Иран. Дрогата била скриена во четири контејнери, продавач е иранска компанија примател на практата била трговска фирма од Шумен која имала канцеларии и во Трговиште.
Сопственикот на фирмата увозник и еден цариник се приведени. Ако бидат осудени, можат да добијат затворска казна од 10 до 15 години и ќе треба да платат казна од 50.000 до 100.000 евра.
Вредноста на запленетата дрога се проценува од 16 до 18 милиони евра. Се претпоставува дека хероинот не бил наменет за бугарскиот наркопазар, каде би достигнал двојно па и тројно повисока цена.