Веаповска ги замоли УЖ на ВМРО-ДПМНЕ да го одложат протестот во сабота, доволно е само да ја поддржат, не сака нејзиниот случај да биде партиски обоен

Откако Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ најави дека ќе протестира пред Министерството за здравство со цел да ѝ даде поддршка на родилката Јилдиз Веаповска, самата Јилдиз се огласи на социјалните мрежи дека не сака нејзиниот случај да биде партиски обоен и ги замолува да го одложат протестот.

-Јас, Јилдиз Веапоска, ја замолувам Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ да го одложат протестот во сабота. Јас не сакам мојот случај да биде партиски обоен. Јас не сум единствена жртва на д-р Мухамед Асани. Јас барам од сите луѓе, рака за рака, да ја побараме правдината без обзир од која партија се. Доколку сакате да ми помогнете на каков било начин, за сега е доволно само да ме поддржите да ја најдам правдината и да ја споделувате петицијата која најмногу ќе ми помогне. Однапред ви благодарам на сите, напиша Јилдиз Веапоска.