Тасева: Не може премиерот да се јавува и да ургира кај полицајци

Претседателката на Транспаренси интернешнл, Слаѓана Тасева, во четвртокот го критикуваше делото на премиерот Зоран Заев, кој побара од полицајците да се пуштат граѓаните кои ги зафатил полицискиот час на граница.

Тасева во емисијата „Клик плус“ која се емитува на телевизија ТВ21 истакна дека не може премиер на држава да се јавува кај полицајци за да пуштат луѓе преку граница, кога поминувањето е забрането, па макар тоа било и граѓанин со мали деца.

Додаде дека постојат процедури на системот и доколку било потребно да им се помогне на луѓето, требало да бидат изнајдени  други решенија.

„Не може премиерот да се јави,  и да им се јавува на полицајците. Макар и да станува збор за обичен граѓанин. Така се прави во сите сфери. Има процедура и таа треба да се почитува од сите. Ако сакаше да се помогне можеше да се најдат други решенија, рече Тасева.

Додаде дека треба да се промени однесувањето на институциите и да се остават полицајците да си ја вршат својата работа.