18.8 C
Skopje
понеделник, мај 6, 2024

Стоилковски прифаќа ТВ дуел со Рашковски

По иницијатива на екс генсекот на Владата на Македонија, Драги Рашковски, Канал понуди ТВ дуел помеѓу Рашковски и некој висок претставник на озпоциската партија на најгледаната политичка емисија -Само вистина!

Денес ексллузивно за Канал 5 ТВ , Драги Рашковски комуницара со оваа ТВ куќа, при што изјави:

„Правните дилеми треба да оставиме да ги решаваат оние кои за тоа се задолжени: полиција, обвинителство, суд.Политичката дебата ако може и да се нарече дебата која се отвори може да се разјасни преку политички дуели. Ќе заврши мојот ако после се може да се нарече одмор, па нека повели ВМРО-ДПМНЕ преку оној кој ме повика, поранешниот министер Наќе Чулев, да дојде и да дебатираме. Не само за ова. За се што до сега ме обвинуваа.“

На Рашковски му нудат термини на 1, 2 или 3 април да учествува во ТВ дуел со Наќе Чулев, што реално тешко ќе се оствари затоа што екс „техничкиот“ министер за внатрешни работи не се појави на дуели, иако бил канет 3 месеци.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, ја прифати понудата за дуел и е подготвен да ги соочат аргументоте со Рашковски.