
Зафир Хаџиманов и неговата сопруга Сенка Велетанлиќ важеа за еден од најубавите парови на овие простори. Тие беа во брак 55 години.
Легендарниот музичар и актер Зафир Хаџиманов вчера почина на 77 години како последици од компликации од ковид-19.
Синот на Зафир Хаџиманов, Васил, се огласи по смртта на татка си и со емотивно обраќање им се заблагодари на сите кои се простија од легендарниот македонскиот уметник кој почина од последици на Ковид-19 во Белград.
-Сенка и тој беа еден од најталентираните и најубавите парови во историјата на овие простори. Ненадминати.
Неговиот непобедлив дух, способноста да се снајде во секоја ситуација и да остане на нозе, енергијата се’ што работи секогаш да го прави тоа со целото свое битие, а притоа и истовремено да биде врвен шмекер.. Тоа мора да се памети. Да се памети и да се почитува! Те сакаме тато и засекогаш ќе ни недостасуваш!“ напиша Васил на Фејсбук.