Еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Гојко Гоце Јаковлески, со јавна поддршка за лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
„Единствена партија во овој момент која претставува пречка во (до)распродажбата на македонските национални интереси е ВМРО-ДПМНЕ.
Да се работи за Македонија е одгворност, одговорност на илјадници кои се бореле, а голем дел го дале животот, тоа е одговорност и кон идните наши поколенија. Но, за да се направи тоа, членството на ВМРО-ДПМНЕ мора да биде единствено и целосно да ја даде својата поддршка на Христијан Мицкоски кој треба да ги продолжи светите идеали на нашите претци.
Претседателе Христијан Мицкоски, заради доброто на нашата држава и заради доброто на сите граѓани во Македонија, продолжиги големите идеали во време кога е тешко да се биде Македонец.
Претседателе Христијан Мицкоски, ја имаш мојата поддршка“, посочува Јаковлевски