Лазаров: Ние сме победници и сакаме да победуваме

Македонската машка ракометна репрезентација означи старт на подготовките на двата последни во квалификациите за ЕП 2022 против селекциите на Швајцарија и Финска.

.Македонија комплетна започна со подготовките пред гостувањето во Финска. Капитенот и селектор на Македонија ги изнесе очекувањата за Финска и најави победа во првиот меч.

„Иако веќе сме на ЕП, мојот и нашиот карактер не дозволува опуштање. Ние сме победници и сакаме да победуваме. Имаме голема желба и ентузијазам да работиме и да направиме нов производ. Максимално сериозно ќе ги сфатиме Финска и Швајцарија. Немаме доволно време, но искусни сме во тие ситуации.Имаме конкретна и јасна слика за Финците во каков состав и со што ќе не нападнат. Утре летаме, имаме тренинг и утре наутро. За мечот со Финска сме фаворити, а така и ќе се поставиме. Ние сме ракометна нација и така ќе се поставиме и самите да се испочитуваме. Не смееме да си дозволиме да се посомневаме дека Финска ќе не загрози, иако имаме респект кон нив“, смета  Лазаров.

„Ние како стручен штаб имаме кратки и долги цели, покрај тоа што сакаме победи, мора да направиме и играчи. Иако сите кои веќе дошле до репрезентацијата се веќе изградени ракометари, мора да добиеме играчи кои ни се потребни за ЕП. Таму со краток ростер можеби ќе издржиме прв круг, но потоа следува тешкото. Ние сега сме комплетни, а в четврток ќе ни се приклучат и трите резерви Атанасијевиќ, Кукуловски и Цветановски и ќе имаме на располагање 24 играчи. Сакам да видиме со што располагаме и полека да го спремаме наредното ЕП. Јас и Миркуловски сè уште сме тука и ќе бидеме уште некое време, но мора да размислуваме и на иднината. Тоа не е лесен процес, меѓутоа ќе работиме и ќе се обидеме да направиме респектабилна национална селекција. “, изјави Лазаров.

Македонската селекција обезбеди сугурен настап на Европското првеснтво во 2022година.
Првиот од последните два натпревара се игра против Финска на гостински терен во „Кокс Арена“, додека вториот е со Швајцарија на домашен терен во Скопје.