4.8 C
Skopje
сабота, ноември 30, 2024

Милошоски: Во Битола има добро расположение за промени, Петровска нема реализирано ниту 5 отсто од изборната програма

Денеска сме тука во Битола во Оризари дојдовме да оддадеме почит на Бошко и неговите соборци кои што пред 20 години ги положија своите животи за Македонија, за нејзината државност, самобитност, слобода и тој спомен не треба да се заборави, изјави денеска за медиумите, Антонијо Милошоски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што исто така сакам да го споменам е дека тука на ова место каде што Иницијативниот одбор од Оризари го направи ова спомен обележје, сметам дека во скора иднина со една подобра локална самоуправа може да биде и добар спортски рекреативен центар за жителите за оваа населба која што е голема населба. Она што сакам да го истакнам дополнително по однос на Битола и локалните избори кои што доаѓаат, гледаме дека не е само Петре Шилегов тој кој што важи за мрзелив градоначалник, веројатно голема конкуренција може да му прави и градоначалничката Наташа Петровска за која што гледаме од самата Битола и населбите во околината дека нема остварено ниту 5 проценти од она што го ветуваше во пред изборната кампања“, рече Милошоскиј.

„И сметам дека битолчани ќе знаат како тоа да го оценат на следните локални избори, каде што според мене има многу добро расположение со добар кандидат и реална програма опозицијата да направи сериозен резултат“, посочи Милошоски.