Поранешната специјална јавна обвинителка и обвинета во случајот „Рекет“, Катица Јанева, не се појави декесна во Апелациониот суд кој одлучува по нејзината жалба и жалбата на Бојан Јовановски за предметот.
Како што јави ТВ21, Јанева не е присутна во судницата поради здравствени причини, но седницата сепак ќе се одржи поради тоа што таа испратила писмо во кое е наведено дека е согласна да се одржи јавна седница.
Инаку, Јанева доби седум, а Јовановски девет години затвор за случајот „Рекет“.