Митева: ВМРО-ДПМНЕ за осудените од 27-ми април бара правда, процес и изведување нови докази

Она што многу е важно, да потенцирам дека навистина станува збор за чувствителна тема во општеството и никој не останува рамнодушен на настаните од 27-ми април колку и да се обидувате на некого да ја посочите или налепите таа етикета. Но, она што е важно според мене, е битието на делото. СДСМ уште кога се случи настанот 27-ми април на своите прес конференции излезе и ги нарече луѓето терористи, што подоцна тоа се преточи во обвинение, а на крајот заврши во пресуда“,истакна Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“.

Митева додаде сега кога се отвора темата за 27- ми април, се увиде дека претседателот на државата и претседателот имаат исти ставови околу ова прашање. А, зошто имаат исти ставови, бидејќи станува збор за политички случај.

„Што е најважно околу случајот 27-ми април? Прво, дали е направено насилство? Да направено е, потврдувам дека е направено насилство. Дали згрешиле луѓето кои што влегоа во Собранието? Да. Дали тие се свесни за тоа? Да, свесни се. Но, дали луѓето кои што го овозможија тоа, и ги отворија вратата се наоѓаат на осудителна клупа или се ослободени од затвор за други цели, и тоа е многу важно прашање. Она што е важно што го бара ВМРО-ДПМНЕ не е слобода, ниту амнестија, тоа никогаш не сме го барале, туку ВМРО-ДПМНЕ бара правда, процес, и употреба на нови докази“, додаде портпаролката на опозициската партија.