Путин го поддржа Лукашенко во спорот за летот на „Ryanair“, кој му вети доверливи документи

Рускиот претседател Валдимир Путин во петокот застана зад својот белоруски колега по должност и политички сојузник Александр Лукашенко кој е во нов конфликт со Западот поради принудното слетување на авионот на компанијата „Ryanair“ поради дојава за подметната бомба, при што беше уапсен белоруски дисидент во егзил.

Западот ја обвинува Белорусија дека ја исценирала дојавата за подментат експлозив на летот од Атина за Вилнус, по што белоруската контрола на летањето ги предупредила капетанот на авионот на „Ryanair“, по што испратила свој ловец „МиГ-29“ да го проследни авионот до аеродромот во Минск. Авионот слета во белоруската престолнина а по проверката на багажот и патниците беше приведен опозицискиот блогер Роман Протасович, осомничен во неговата татковина за дела за поттикнување безредија и бунт поврзани со тероризам при ланските масовни протести по претседателските избори.

Протасевич и неговата девојка, руска државјанка, во моментов се во притвор, а на поранешниот основач на опозициски интернет ресурс, му се заканува најмалку 15 години затвор.

Сепак, Путин на петчасовната средба во Сочи го поддржа Лукашенко, заеднички заклучувајќи дека реакцијата на Западот на овој инцидент била „излив на чувства“.

„Своевремено го принудија авионот на боливискиот претседател на слета, а потоа го извлекле и ништо, тишина“, рече Путин потсетувајќи на еден од инцидентите во 2013 година кога меѓу другите и авионот на Ево Моралес мораше принудно да слета во Виена во времето кога САД го блокираа секој лет кон Јужна Америка сомневајќи се дека во него е Едвард Сноуден кој претходно го откри системот на масовното прислушување на разузнувањето на САД на милиони луѓе во светот, вклучително и странски државници и политичари.

Средбата во Сочи беше најавена долго пред инцидентот со авионот, но доаѓа во периодот кога голем број држави воведуваат забрани за лет на белоруските компании и лет над белорускиот воздушен простор. Москва претходно одби два лета од Париз и од Виена кога авионите се обиделе да влезат во рускиот воздушен простор од други правци, наместо од вообичаениот од Белорусија.

Лукашенко на Путин му кажа дека ќе му покаже доверливи документ за летот на „ Ryanair“ преку кои ќе може да сфати што навистина се случило.

„Секогаш постои некој кон ни создава проблеми. Ги знаете, ќе ве информирам за нив. Донесов некои документи за да можете да сфатите што се случи“, му кажа Лукашенко на рускиот челник.

Русија, кој е близок сојузник на соседната поранешн советска република со 9,5 милиони жители која е последната препрека на Западот кон отворениот простор до Москва, во изјави го поддржа Минск пред состанокот на двата претседатела, истовремено категорично отфрлајќи ги западните шпекулации за нејзина наводна вешаност во овој инцидент.

Москва смета дека Белорусија покажала подготвеност за транспарентност во овој спор, а реакцијата на Западот на настанот ја нарече „шокантна“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини западните земји дека ја „демонизираат“ власт во Минск.