Во вториот дуел од првото коло од Групата А на Европското фудбалско првенство селекциите на Велс и Швајцирија во саботата во Баку одиграа без победник 1:1 (0:0).
Швајцарците поведоа преку Бри Ембола во 49 минута, а за Велшаните израни Кифер Мур во 74 минута.
Швајцарците ја испуштија победата над доста бледите Велшани, не реализираа многу шанси, а поведоа дури на почетокот од вториот дел но тогаш пропуштија да го докрајчат противникот. Велшките големи ѕвезди Герет Бејл и Аарон Ремзи се потполно надвор од форма, поради неиграњето и повредите, а нивниот селектор Рајан Гигс е под криминала истрага поради напад на жена, што севкупно остави трага врз репрезентацијата која беше хит на минатото континентално првенство Сепак, и ваквиот Велс ја искористи нерешителноста на Швајцарија и дојде до бод кој може на крајот многу да ја компликуван ситуацијата во Групата А.
Првата сериозна шанса ја имаше Велс во 15 минута кога 195 сантиметри високиот центарфор Мур скокна највисоко, но неговиот удар со глава под пречката го „извади“ швајцарскиот голман Зомер. Швајцарија возврати во 20 минута со најдобриот момент на средбата кога Шар по корнер се обиде да поентира со петица, но се истакна и велшкиот голман Вард.
Од тој момент Швајцарија беше многу подобрата екипа, упатија многу удари кон противничкиот гол, при што најмногу се истакнуваше Сеферовиќ, но сите завршуваа над или покрај противничкиот гол.
Во 49 минута Емболо се избори за одлична позиција меѓу тројца противнички одбранбени играчи, но неговиот удар од 16 метри го одбрани Вард. Швајцарецот од камерунско потекло, сепак, беше прецизен 30 секунди подоцна, кога по изведениот корнер од Шаќири го натскока директниот чувар Робертс и со глава од близина донесе предност за својата репрезентација.
Швајцарија потоа без потреба се повлече длабоко на својата половина во обидот да го затвори натпреварот, но тоа им се одмазди во 74 минута. Од десната страна нафрли од прекин Морел, а високиот напаѓач на Кардиф Сити, Кифер Мур, им побегна на чуварите и со силен удар со глава ја погоди десната страна од швајцарскиот гол.
Во 85 минута Швајцарија дојде во водство, но само за кусо, бидејќи ВАР-от со својата прва интервенција на ова ЕУРО ја потврди јасната недозволена позиција на стрелецот на голот. Имено 30 секунди претходно на местото на слабиот Сеферовиќ влезе напаѓачот на загрепски Динамо, Марио Гаврановиќ, кој беше добро проигран пред противничкиот петерец и ефектон постигна погодок, а кој беше поништен поради офсајд.
Минута пред последниот свиреж на арбитарот, Швајцарците на речиси идентичен начин можеа да дојдат до вториот погодок. Повторно по изведен корнер во велшкиот шеснаесетник највисоко скокна Емболо, но голманот Вард дефинитивно стана херој на својот тим со одличната интервенција.
Во оваа група во водство се Италијаните, кои во петокот вечерта со 3:0 ја совладаа Турција.