Европратеникот и потпретседател на бугарската ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, на социјалните мрежи објави видео со кое го повторува ставот дека Македонија е бугарска.
Џамбаски истакнува дека Зоран Заев го заборава тој факт кога е во Скопје, но се присетува на него кога ќе побара нешто од Бугарија.
-Македонија е бугарска. Факт, којшто нема потреба да се докажува. Факт којшто Зоран Заев го заборава кога е во Скопје и на кој се потсетува само кога ќе побара нешто. Вистината не може да се заобиколи, а судбината на секој предавник е да биде отфрлен од историјата – порача Џамбаски на социјалните мрежи.
https://twitter.com/djambazki/status/1405839740239290368?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1405839740239290368%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fvesti%2Fmakedonija%2Fdzambaski-zaev-vo-sofija-se-sekjava-no-koga-e-vo-skopje-zaborava-deka-makedonija-e-bugarska%2F