![igor angelovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/igor-angelovski.jpg?resize=696%2C521&ssl=1)
Довчерашниот македонски фудбалски селектор Игор Ангеловски е фаворит за преземање на Фенербахче-пишуваат дел од истанбулските весници.
Според нивната верзија, сопственикот на црно жолтите Али Коч од поодамна бил имперсиониран од работата на Ангеловски и многу можно е за најдоцна седум дена да го постави за прв човек на клупата на турскиот гигант.
Инаку весникот наведува дека Коч веќе барал неколку еминентни тренери, но Биелса, Бенитез, Фавр и други го одбиле.