Времето во Македонија во неделата претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.
Минималната температура е во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува осум.
Во Скопје и околината претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Минималната температура се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 Целзиусови степена.
Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.гв/