Кандидатурата на доктор Кирил Пецаков за градоначалник на Охрид, предложено од страна на ВМРО ДПМНЕ, за голем број Египќани претставува висинско освежување и надеж дека оваа етничка заедница, конечно ќе почне со сериозни и одлучни чекори во процесот на институционална интеграција и демаргинализација.
Ова го истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Демир Далип.
-Ова произлегува од долгогодишната пријателска коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ, како и од желбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ги интегрира Египќаните врз основа на позитивните законски прописи и европските вредности како и универзалните човекови права и слободи. Д-р Пецаков Кириле голем пријател на Египќаните, секогаш ги поддржувал проектите во кои биле вклучени, а како долгогодишен член и фунционер на ВМРО-ДПМНЕ, во многу наврати Пецаков ја потенцирал потребата од интеграција, рамноправност и еднаквост, истакнува Далип.
Тој посочува дека Охрид како туристички, културен, верски центар во Македонија, има потреба од промени, а промените ќе започнат со убедливата победа на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, д-р Кирил Пецаков.