Во вторникот околу 13,20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Иво Лола Рибар“ во Куманово, мотоцикл „педа“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово, удрил во пешакот 46-годишната Ж.С. и уште еден малолетен пешак, двајцата од Куманово, информира МВР.
Во незгодата Ж.С. се здобила со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.