Германската канцеларка Ангела Меркел разговараше со американскиот претседател Џо Бајден за потребата од тесна соработка во Авганистан каде што продолжува масовната евакуација од аеродромот во Кабул.
Двајцата државници се согласиле во врска со целта да бидат евакуирани колку што е можно повеќе луѓе на коишто им е потребна заштита, изјави во средата портпаролот на германската влада, Штефан Зајберт.
Меркел истакнала дека за Германија е важно да се овозможи колку што можно повеќе авганистански граѓани кои соработувале со германската воена и дипломатска мисија да ја напуштат земјата, додаде Зајберт.
Бајден и Меркел разговарале и за неопходноста од тетсна соработка во врска со испраќањето хуманитарна помош на загрозените Авганистанци во земјат, како и кога станува збор за поддршка на соседните земји, соопшти во засебна објава Белата куќа.
Меркел неодамна разговараше и со регионалните челници, вклучително и со претседателот на Узбекистан, кому му се заблагодари за логистичката поддршка за германските авиони кои учествуваат во евакуацијата од Авганистан.
„Во сите разговори, канцеларката го повтори брањето талибаните да се откажат од насилствата, да ги почитуваат човековите права и да дозволат непречено минување на сите коишто го сакаат Авганистан“, додаде портпаролот на владата во Берлин.