Веста дека Жељко Обрадовиќ се враќа на кормилото на Партизан одекна како бомба на просторите на кошаркарска Европа, откако извонредниот стручак по една година пауза реши да се врати на кошарката, и тоа како предводник на новиот проект на „црно-белите“.
Обрадовиќ повторно ја изненади јавноста обелоденувајќи дека иако веќе почна со подготовки и го комплетираше играчкиот ростер, тој се уште нема потпишано договор како тренер на Партизан.
„Јас немам договор со ПАртизан, немам потпишано никако договор. Кога говориме за односот меѓу мене и Партизан, не ми треб договор, дадениот збор е поважен од потписот. Му реков на Господинот Остоја Мијаиловиќ дека е човек кому му верувам, го прашав дали и тој ми верува на мене. Ми кажа дека ми верува, тоа е тоа, крај…. Не е важно дали ќе потпишам утре или следниот месец, за мене многу поважно е сите играчи да ми бидат здрави на тренинг. Во изминатиот период добивав врвни понуди од клубови од Евролигата, но секогаш велев дека ми е потребна екстра-мотивација. Затоа го изрбав Партизан, тоа е таа најчиста емоција“, изјави Обрадовиќ за „Ал Џезира Балканс“.