Арсовска: Се креира програма за младите и спортот

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска оствари средба што отвора перспективи за спортот во Скопје, со доц. д-р Андријана Мисовски, универзитетски професор и спортски директор на О.К. Работнички, Ѓорги Начевски, интернационален ЕХФ и ИХФ судија и со Гордана Бошевска, светска вицешампионка во кик бокс и меѓународен судија.

„Разговаравме за потребата и можностите за унапредување на спортот на локално ниво. Обезбедување на современи услови за спорт за децата и младите, како и афирмација на спортските таленти на Скопје се предуслов за развој на спортската култура и спортскиот дух.

@Заедно со овој тим креираме програмски столбови со квалитетни и долгорочни решенија за доброто на сите скопјани“, истакна Арсовска.