Ељиф Елмас е новата „седумка“ во македонската фудбалска репрезентација. Играчот за врска на натпреварот против Ерменија се најде во фокусот на вниманието поради еден атрактивен дриблинг и доби овации од публиката.
Се играше 60. минута кога Елмас доби топка на левата страна. Реши да изведе атракција и му успеа, па го направи напаѓачот Саргис Адамјан од Хофенхајм да изгледа како дете, затоа што го испрати во спротивен правец и тоа пред очите на ерменскиот селектор.
Елмас е еден од главните играчи во составот на новиот селектор Благоја Милевски.