Баерн без проблеми на гостувањето кај „фенерџијата“

Во првиот натправар од шестото коло на германското фудбалско првенство, водечкиот минхенски Баерн немаше проблеми на гостувањетпо кај псоелдните Гројтер Фирт каде славеше во петокот со 3:1.

Во првато полувреме Баерн создаде предност од два погодока, преку Тома Милер во 10 и Јошу Кимих во 31 минута.

Вториот дел започна со исклучувањето на Бенжамин Павард во 48 минута, но тоа не донесе предност за домашните. Напротив во 68 минута Себастијан Грисбек ја затресе сопствената мрежа за убедливо водство на Баерн, а Фирт намали во 87 минута преки Седрик Итен.

Баерн е прв на табелата со 16 бодови, три повеќе од вториот Волфсбург и четири од третата Борусија Дортмунд кои имаат меч помалку.

Гројтер Фирт, тим основан на 23-ти септември далечната 1903 година, кој има и титули а прапат во Бундеслигата од нејзиното основање играше во сезоната 2012/2013 сега е последен на табелата со само еден бод.