Мојата предизборна програма се базира на четири веќе добро познати столба, а тоа се следниве: Стратегија за туризмот и искористување на сите туристички потенцијали, Младите и спортот; Екологија и зелени површини и Урбанизмот, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов на вечерашниот митинг.
Како дел од програмата за реализација тој ја наведе стратегијата за реализација за туризмот и искористување на сите туристички потенцијали, како овозможување на улови за планината Кожуф во следниот период да стане позната туристичка дестинација. Започнување со истражување на ресурсот за богатство со геотермални води заради развивање на бањскиот туризам.
Секој млад човек заслужува да добие шанса да работи и твори во своето родно место, Се обрзуваме да создадеме соодветни услови за секој млад човек да работи дома и тука да ја валоризира својата креативност, истакна Сарамандов.
Затоа се обврзуваме на следните проекти за младите и тоа :
-Се обрзуваме за изградба на нова детска градинка во Урбан блок 7 за обезбедување на место за сите деца за чување.
-Се обрзуваме за Формирање младинска театарска група,
-Се обрзуваме за Враќање на киното и кино-културата во Гевгелија,
-Се обрзуваме за организација на Урбан музички фестивал.
Тој истакна дека како поранешен спортист планира да обезбеди нормално организирање, финансирање и дејствување на спортските клубови заради социјалниот ангажман и телесниот развој на најмладите од општината.
Реализацијата на проектот реконструкциија на спортски објект ДТВ Партизан во Гевгелија ќе придонесе развој на гимнастика,карате,кик боксот,пинг понг, рече Сарамандов.
Во однос на екологијата и зелените површини се обврзуваме веднаш да се обезбедат услови за ставање во функција на привремената депонија кај Ново Конско. Се обрзуваме и на изградба на Урбан рекреативен парк кај браната топлик. Се обрзуваме и на изградба на парк во секое маало во градот и населените места. Се обрзуваме да изготвиме акционен план за чист амбиетален воздух заедно со експертската фела, посочи Сарамандов.
Тој додаде дека главниот импулс за да има економски раст мора да произлезе од приватниот сектор, затоа што може да создаде нови работни места и економска благосостојба на долг рок.
Затоа се обврзуваме на следните проекти за младите и тоа:
-Се обврзуваме на најбрза урбанизација и обезбедување целосна инфраструктура за потенцијалните инвестиции.
-Се обврзуваме за изградба на локален пат од индустриска зона БЛОКОТЕХНА до клучка Прдејци.
-Се обврзуваме за Поголемо искористување на пристапните фондови на ЕУ и постигнување на рамномерен развој во целата општина, посочи Сарамандов.