Германија се намачи со Романија, Исланд ѝ зема бод и на Ерменија

Фудбалската селекција на Германија забележа нова победа во мундијалските квалификации, откако потешко од очекуваното, со пресврт од 2:1 (0:1) славеше над Романија

Гостите по само девет минути игра им приредија шок на големиот фаворит и поведоа со 0:1. Поранешниот светски и европски шампион во целост потфрли во одбраната, а тоа го искористи Хаџи, кој со велемајсторски дриблинг се ослободи од чуварите, а потоа со итар удар го совлада Тер Штеген,

Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри, конечно стави крај на промашувањата и во 52 минута со прекрасен удар од полудесно го израмни резултатот на 1:1, а во самиот финиш „резервистот“ Томас Милер се најде на вистинско место и донесе заслужена победа за Германија, шестта во овие квалификации.

Во рамки од групата Ј, каде што се натпреварува и Македонија, Исланд не дозволи ново славје на Јохамсон и со голот на Јоханесон во 77. минута се избори за големо реми од 1:1. Претходно, водство за гостите донесе Ховханисјан во 35 минута.