Слика на Пикасо продадена на аукција за речиси 25 милиони долари

31

Слика на славниот Пабло Пикасо (1881-1973) во саботата е продаден на наддавање во Хонгконг за 24,6 милиони долари, соопшти организаторот на продажбата, аукциската куќа Sotheby’s.

„Експонатот е продаден за 191.651.000 хонгконшки долари (24,6 милиони американски долари“, се наведува во објавата на аукциската куќа.

 

Станува збор за рамките на претходно проценетата врдност. Платното со наслво „Клекната жена“(Femme accroupie), на којатшо сликарот ја прикажува својата втора  сопруга и муза Жаклин Рок во 1954 година.

На истата аукција, делото од мртва природа на холандскиот уметник Винсент Ван Гог 1853-1890) е продадено за 9,1 милиони долари.  Ова е единственото парче мртва природа од раниот период на уметникот кое се појави на аукција во повеќе од две децении.

 

За 10,3 милиони американски долари е продадена „Гол спијач“ од 1950-те години на кинеско-фанцускиот апстрактен уметник Сању, познат и како Чанг Ју. Се претпоставува дека тоа е единствената слика со масло во голем формат, во која моделот може јасно да се идентификува како љубовник на уметникот.

Бистата на францускиот император Наполеон Бонапарта од францускиот скуплтор Огис Роден е повлечена од наддавањето без образложување.

Станува збор за дело од периодот 1904/1909 кое во каталогот на наддавањето е проценето на цена меѓу 9 и 11 милиони американски долари. Бистата се сметаше за изгубена во 1930-те, а критичарите на уметнсота до 2015 година не знаеја каде се наоѓа ова дело на Роден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.