(ВИДЕО) Адел претстави уште една песна од новиот албум

По објавувањето на „Easy On Me“, познатата пејачка Адел претстави нова песна со наслов „Hold On“.

Песната официјално не е излезена, но може да ја чуеме во позадина на новогодишна реклама на Amazon. Пејачката отворено во стиховите пее за распадот на нејзиниот брак со Сајмон Конецки.

Воопшто не се срами да ги открие чувствата, истакнувајќи дека сака на овој начин да допре и до нивниот 9-годишен син.

„Кога на 30 години ќе ја слуша оваа песна сакам да му биде јасно која сум всушност јас и зошто одбрав да одам по патот на мојата среќа. Некогаш е многу несреќен, тоа е рана која не знам дали некогаш ќе зарасне“, вели Адел која призна дека по разводот и се распаднал светот.

Песната се наоѓа на нејзиниот нов, четврти албум кој ќе излезе на 19 ноември.

https://www.youtube.com/watch?v=1z73AKLBgLg&feature=emb_title