Пари Сен Жермен го совлада Нант со 3:1 во 14. коло од француската Лига 1, а натпреварот го одбележа дебито на Лионел Меси во францускиот шампионат.
ПСЖ поведе во втората минута преку Мбапе, а ситуацијата се искомплицира во 65. минута кога Кејлор Навас доби црвен картон поради прекршок надвор од шеснаесетникот. Коло Муани израмни на 1:1 11 минути подоцна, но Парижаните сепак успеаја да победат со играч помалку благодарение на автоголот на Апија во 81. минута и голот на Меси во 87. минута.
Голот на Меси беше прекрасен. Фудбалерите на ПСЖ извлекоа брз контранапад, од десно му ја додадоа топката на Меси, а тој потоа во свој стил излезе на левата нога и со одличен удар однадвор го совлада гостинскиот голман Лафонта. Тоа беше прв гол за Меси во Лига 1, а претходно постигна три гола за ПСЖ во Лигата на шампионите.