Манчестер Јунајтед го освои Чемпионс купот

Тимот на Манчестер Јунајтед славеше на подготвителниот турнир за новата сезона, “Чемпионс Куп”, откако во финалето со пресврт славеше против Ливерпул.

“Црвените ѓаволи” славеа со 3-1, откако претходно, во полуфиналето го совладаа тимот на Реал Мадрид со идентичен резултат.

Инаку тимот на Ливерпул дојде во водство преку Џерард, кој во 14. минута реализираше удар од белата точка, а пресвртот Манчестер го направи во последните 35 минути од средбата, кога најпрво во 55. минута Руни израмни на 1-1, во 57. минута Мата го донесе Јунајтед во водство а точка стави Лингард во 88. минута од натпреварот.

Ова е уште еден доказ дека тимот на Манчестер Јунајтед под водство на Луи Ван Гал доживува вистинска преродба.