Кошаркарите на Далас Маверикс се радуваа на победа над Денвер Нагетс од 103-89. Спектаклот во „Американ Еирлајнс Центар“ понуди сигурна игра на домаќинот од Тексас, атрактивни потези и победа на Лука Дончиќ во дуелот со Никола Јокиќ.
Далас Маверикс – Денвер Нагетс:
Далас од стартот поведе и се одржуваше во плус, а пред паузата водеше и двоцифрено. Нагетси пријдоа најблиску во третиот период, се наоѓаа на еден посед минус, но пак падна концентрацијата. Мавси заиграа одлично во завршниот период и на крајот дојдоа до убедливо славје.
На поентерските листи се истакна Никола Јокиќ кој даде 27 поени, а освари и 16 скока. „Дабл-дабл“ ефект кој лесно можеше да биде и троен ефект имаше Лука Дончиќ. Словенечкиот плејмејкер со 21 поен, 15 асистенции и осум скока беше движечка сила на Далас.
Домашен пораз претрпе шампионот Милвоки Бакс од Детроит (106-115). Аутсајдерот успеа да го сруши фаворитот кој имаше шест победи во низа во изедначена средба. Милвоки имаше и предност во текот на дуелот, но не успеа да ја задржи и во завршницата загуби. Младото крило Садик Беј беше најдобар на паркетот и со 34 поени и осум скока го водеше Детроит. Кај Бакси пак се истакна Антетокумбо со „дабл-дабл“ ефект (31 поен, 10 скока).
Милвоки Бакс – Детроит Пистонс:
На останатите терени, Голден Стејт продолжи да победува, овојпат падна Мајами (115-108), Бруклин дома загуби од Мемфис (104-118), Филаделфија триумфираше со Хјустон (133-113), Чикаго беше подобар од Орландо (102-98), Портланд славеше против Атланта (136-131), додека гостински победи запишаа Јута кај Њу Орлеанс (104-115) и Минесота кај Клиперси (104-122).