Полицијата во Абу Даби потврди дека утринава избувнал пожар, кој довел до експлозија на три цистерни со нафта во индустрискиот дел на градот.
Мал пожар избувнал и на градилиштето на меѓународниот аеродром во Абу Даби, соопшти полицијата, а пренесе локалната државна новинска агенција.
Експлозијата на танкери со нафта во Абу Даби и пожарот на градилиштето на новиот аеродром утрово биле потенцијално предизвикани од беспилотни летала, се вели во соопштението на полицијата на Абу Даби, пренесено од официјалната новинска агенција ВАМ.
Пожарите се ставени под контрола, а воздушниот сообраќај не е засегнат. Не е забележана значителна штета, а започната е целосна истрага за причините за пожарот.
#BREAKING अबू धाबी एयरपोर्ट के पास ड्रोन से अटैक, तेल ले जा रहे एक वाहन को बनाया गया था निशाना। #DroneAttack | #AbuDhabi |#AbuDhabiAirport | pic.twitter.com/EyG3GDbk8u
— ADI YOGI (@ImAdiYogi) January 17, 2022
Јеменските Хути, поддржани од Иран, велат дека извршиле напад врз ОАЕ, пренесува „Ројтерс“.