![Komunalna-higiena-aktivnosti-4-960x640](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/Komunalna-higiena-aktivnosti-4-960x640.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
ЈП Комуналана хигиена со сите расположливи работници, во координација со Град Скопје, во текот на вчерашниот ден го чистеа снегот и мразот од сообраќајниците и од јавните површини во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот, информираат од Град Скопје.
Целосно е исчистено од снег централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија. Расчистени од снег и проодни се реоните околу Градската болница, Државната болница, Владата и Собранието на РМ, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и сите пешачки мостови.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје и на ЈП Паркови и зеленило во текот на вчерашниот ден ги расчистуваа паднатите гранки и дрвја од сообраќајни и од јавни површини низ сите скопски општини.
Јавните претпријатија со своите екипи ќе бидат на терен и нивните активностите ќе продолжат да се одвиваат и во текот на денешниот ден, велат во соопштението од Град Скопје.