![download (8)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/04/download-82.jpg?resize=300%2C168&ssl=1)
Најмалку 74 лица загинаа во железничката несреќа што се случи минатата седмица во ДР Конго, покажуваат официјални податоци што ги објавија синоќа властите во Киншаса, по откривањето нови тела на жртвите.
Бројот на повредени е 163, соопшти Министерството за здравство на ДР Конго.
Минатиот вторник товарен воз, што превезувал и луѓе, излетал од шините во близина на рударскиот град во провинцијата Катанга, при што две локомотиви и два вагона се превртеле.