75 специјалци од земјава на помош во Србија и Босна

Владата на Македонија во рамки на своите можности ќе им помогне на Србија и Босна и Херцеговина, по страшното невреме кое нанесе огромни материјални штети, поосчи владиниот портпарол  во дневникот на Сител.

„Денес од страна на Европската цивилна заштита добивме информации дека од нив било побарано помош од страна на Србија и Босна. Владата заседаваше, ги разгледавме можностите, наоправивме анализи.Понудивме помош до Европската цивилна заштита, 75 лица ќе отидат во Србија и Босна, меѓу нив специјалци од МВР и од министерството за одбрана, ќе испратиме  45 пумпи за испумпување на вода, 35 агрегати, чамци, кебиња, лекови и медицински персонал“, рече Ѓорѓиев.

Заседаваше владиното координативно тело за превенција од природни непогоди, каде и беше разгледувана можноста да се помогне на земјите зафатени од силното невреме. Ова е првичната помош.

Во Македонија состојбата засега е стабилна. Нивото на Пчиња е над дозволеното, но во Македонија нема опасност од големи поплави. Надлежните будно ја следат сосотојбата.

„Сепак, мора да бидеме внимателни, ги следиме состојбите. Сите водостои се стабилни. Освен Пчиња каде за еден ипол пат е зголемен протокот. Првично интервентно е реагирано, локалните служби имаат приоритет со помош на Влада, интервентно на Пчиња да се расчистат сите критични точки, тесни грла. На соодветен начин ќе се дејствува и кај  Вардар, Треска, Лепенец, за да не се дозволи да се случи подраматична состојба“, рече Ѓорѓиев.