753 работници останале без плати и покрај тоа што 181 работодавач добил помош

На денешната прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска информираше дека мерката за Финансиска поддршка за исплата на плата во февруари биле одобрени 12.660 барања, а во март 12.273 барања, додека неисплатени плати биле од страна 181 работодавач и покрај тоа што ја добиле оваа поддршка, па така 753 вработени не ги добиле своите примања.

Таа информираше дека највисокиот износ на финансиска поддршка е 21.776 денари месечно по работник согласно работното време на кое е пријавен работникот.

– Износот за финансиска поддршка заради исплата на плати се определува врз основа на процентот на намалување на приходот и тоа во најнизок износ на финансиска поддршка до 14.500 денари и за намален од 30 до 40 проценти, а за намален за над 80 проценти износот е до 21.776 денари – вели директорката на УЈП.

Лукаревска соопшти дека за февруари се одобрени 12.660 барања, а на 11.694 работодавачи е исплатено вкупно 851.157.045 денари за вкупно 53.348 вработени. За месец март се одобрени 12.273 барања, а на 11.187 работодавачи им се исплатени вкупно 808.322.501 денар за вкупно 50.876 вработени.

– Заклучно со 31 мај, 181 работодавач на кој што му била одобрена финансиска поддршка за некој од месеците февруари и март, не исплатил плата на своите вработени. Од нив 157 работодавачи не исплатиле плата за еден месец, а 24 работодавачи не исплатиле плати за двата месеци. Не се исплатени 753 месечни плати, додека одбрената а не исплатена помош е во износ од 2.738.715 денари за февруари и 9.333.193 денари за месец март или во вкупен износ од 12.071.908 денари – соопшти директорката.

Според дејностите, 61 работодавач се дејноста подготовка на оброци и служење на храна кои добиле помош од 2.984.871 денар и не исплатиле плата на 198 вработени. 33 работодавачи од трговија на мало кои што примиле финансиска помош од 1.359.389 денари не исплатиле плата на 87 вработени. 24 работодавачи од дејноста копнен транспорт добиле помош од 1.163.608 денари не исплатиле плата на 77 вработени.

По региони најмногу работодавачи што не исплатиле плата се од Скопје со 71 обрврзник, од Тетово со 53 обрзници и Битола со 27 обврзници.

– На работодавачи кои што користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата им се доставени опомени, а по истекот на рокот за исплаќање на платите се започнува со постапка за присилна наплата долгот согласно пресметките – вели Лукаревска.

Таа информираше дека за работодавачите кои ги немаат исплатено платите се предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок во износ од минимум 500 до максимум 10.000 евра во денарска противвредност во зависност од големината на соодветното правно лице.