Вчера во 13.50 чaсот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(77) од Скопје, удрило во пешакот Б.Х.(70) од Скопје и го напуштило местото, соопшти МВР.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.