8 декември е неработен ден за сите граѓани на Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2017 година (петок), „Св. Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните на Република Македонија кои го чествуваат и го слават патронот „Св. Климент Охридски”.