
Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција информира дека денеска биле во посета на кумановската болница. Според него, од 700 вработени во болницата 80 се во самоизолација.
– Со оглед на тоа што во кумановската болница 18 вработени се позитивни реорганизрана е работата таму. Од 700 вработени има уште 80 кои се во самоизолација и ќе се тестираат согласно периодот на инкубација. Директорката на болницата информира дека има доволно заштитна опрема. Останатите одделелија функционираат соодветно и нема друго одделение во болницата во Куманово кое е компромитирано – рече Филипче.